ИЈЗ го зголемува капацитетот, 150 тестови повеќе

Со новата просторија на Институтот за јавно здравје, капацитетот за тестирање се зголеми за уште 150 тестови дневно. Во моментов, во ИЈЗ се прават 1.000 тестови на ден, а 30% од нив приватно. Иако овој пункт за ковид тестови ќе работи во две смени, се создадоа долги редици. Оние кои имале контакт со заразени чекаат во иста редица како и другите кои прават тест за патување во странство.
Граѓаните се жалат дека не можат да направат никаква медицинска анализа без да направат негативен ПЦР тест.
„Во гинекологија можете да направите! Таму ми рекоа дека не можам, ни побараа тест за да влеземе внатре. Затоа ви кажувам дека и во гинекологија имаат опрема за дијагностицирање, но можете да го направите и кај нас.“
Овие сопружници, по талкањето од едно до друго одделение, повторно се судрија со затворени врати.
Микробиологот Дукаѓин Османи рече дека капацитетот на Институтот е за 2.000 тестови на ден. Според него, со новите простори се раздвојуваат пациентите тестирани за КОВИД-19 и оние со други болести.
„Имавме друга лабораторија, само што плаќањето требаше да се изврши на друг простор, беше малку отпатно за клиентите каде требаше да се тестираат пациентите. Чекаа двапати. Сега во новиот центар се сите на едно место, клиенти и пациенти кои треба да бидат тестирани по сопствен избор на едно место чекаат, а исто така резултатите се земаат на истото место во доцните попладневни часови“.
Покрај дијагностичката фаза, здравствениот систем има проблеми и со лекување на пациентите во болницата, бидејќи таа скоро е полна.
Adnan Qaili