ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Владините мерки дизајнирани за преживување, но несоодветни на долг рок, вели проф. Мојсоска Блажески

Владиниот пакет мерки е преживувачки и со цел да се заштити животниот стандард на граѓаните, но трошоците врз буџетот се многу големи, оценува универзитетската професорка Никица Мојсоска Блажески, во нејзиното вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат.
„Една едноставна проценка на субвенциите за цените на енергенсите, на годишно ниво би биле колку што се вкупните трошоци на државата за сите нивоа на образование. Од 3,6 до 4% од БДП. Тоа е навистина нешто страшно ако размислувате на долг рок. Даваме пари од буџетот за денес, но не размислуваме како ќе создадеме човечки капитал или како ќе ги зголемиме платите“, рече Мојсовска Блажески.