Селмани: Албанците претпоследни за организирање протести, според меѓународна анализа

Универзитетскиот професор Башким Селмани во „Патот Кон“ на Алсат вечерва зборуваше за „молкот“ во албанското општество, по тоа што нема протести и реакции во јавноста за актуелните случувања.
Тој рече дека Албанците се на претпоследната листа кога се работи за протести, додека пак, најгласни според меѓународна анализа се Турците.
„Доколку се направи заедничка анализа, има многу показатели кои го идентификуваат начинот на протест во однос на човековите права бидејќи правото на протест е загарантирано со закон. Но, Македонија има посебна околност, дури и во албанскиот табор ако одиме, видов некои меѓународни анализи што се правеа на меѓународен план, Турција беше првата земја што протестираше додека Албанците се претпоследната земја. Од научен аспект велиме, ако ние како поединци како заедница ако не реагираме на време и во вистински момент на една неправда, тоа веќе не е неправда туку тоа е право што сме му дале некому да го оствари против нас“, рече Селмани.