МАКЕДОНИЈА
„Нашето општество не е познато како општество кое некогаш протестирало“

Актерот Хашим Мемиши-Сопи во „Патот кон“ на Алсат, рече дека нашето општество не е познато како општество кое некогаш протестирало.
Тој нагласи дека имало неколку обиди да се организираат протести, но резултатот на крајот бил нула.
„Социјалните мрежи се алатка за собирање повеќе луѓе за одреден проблем. Неодамна почнав да се уверувам дека остануваат само на социјалните мрежи и не одат понатаму. Неколку пати се обидовме да организираме протести против поскапувањето на струјата, против многу други појави, но на крајот гледаме дека резултатот е нула. Група граѓани се собираат еднаш, двапати, гледаат дека нема промени. Нашето општество не е познато како општество кое некогаш протестирало“, рече Мемиши-Сопи.