ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Ласкарци“, aко во рок од 90 дена нема рочиште, судењето се враќа од почеток

Три години по трагедијата кај Ласкарци, сè уште никој не одговара за несреќата. Иако поминаа три месеци откако кривичниот суд од Бирото за судски вештачења побара супервештачење за причините за превртувањето на автобусот на „Дурмо Турс“, несреќа во која загинаа 16 патници, не се знае до каде е оваа експертиза.

Advertisements

Алсат и денеска се обрати до Бирото за судски вештачења. Прашавме до каде е постапката за супервештачењето за случајот „Ласкарци“, но официјален одговор не добивме. Ни на телефонските повици и СМС пораки не ни одговори директорот на оваа институција, Валдет Џафери.

За утре е закажано ново рочиште за случајот „Ласкарци“. И тоа ќе се одложи. Во судот не е пристигнато вештачењето побарано од Бирото.

„Штом ќе биде доставено, ќе биде изведено пред странките во постапката на главна расправа, а со тоа ќе заврши доказната постапка за случајот и ќе бидат закажани завршните зборови“, наведоа од Основниот кривичен суд.

Седум вештаци од машинска и сообраќајна област работат на супервештачењето. Тоа го побара кривичниот суд по презентираните различни вештачења за пичините за несреќата. Автобусот „Дурмо Турс“ се прверте на автопатот Скопје – Тетово на 13 февруари 2013 година. Загинаа 16 патници, додека 37 беа повредени. Им се суди на газдата на „Дурмо Турс“, Дурмиш Бељули, на возачот на автобусот, како на уште четворица вработени во фирмата и во гостиварскиот Технички центар во сопственост на Бељули.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button