ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Неделава состанок меѓу владата и СОНК, за барањето на синдикатот за зголемување на платите

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, за оваа недела најавува проширен состанок меѓу претставниците на владата и Синдикатот за образование, наука и култура во врска со барањето за зголемување на платите во образованието и градинките. Коментирајќи го ставот на синдикатот дека решението на проблемот лежи во почитувањето на колективните договори кои гарантираат зголемување на платите, министерот Шаќири вели дека договорите не се реализирани поради тековните кризи.

Advertisements

„Затоа што имаше случувања. Тоа значи дека ја имавме ситуацијата со Ковид, ја имаме енергетската криза, економската криза и никој не вели дека овој договор нема да почне да се спроведува. Или тоа е позитивен развој на она што беше претходно спроведено. Овие случувања ја предизвикаа оваа ситуација, но во иднина ќе се размислува да се реши овој проблем“, рече Шаќири.

Но, од Синдикатот за образование, наука и култура велат дека колективните договори се склучиле многу години пред да настанат кризите, и дека сега за четири години е потребно усогласување на платите или зголемување врз основа на колективните договори.

Синдикатот се закани дека ќе протестира и ќе ја бојкотира наставата доколку нивните барања не бидат прифатени.

„Да преговараме, да го видиме можното решение, но да не биде последното решение бојкот на наставата, бидејќи тие што најмалку треба да губат од овој процес се учениците“, додава Шаќири.

Покрај СОНК, зголемување на платите бара и незавсиниот синдикат во образованието и науката. Претставниците на овој синдикат во саботата излегоа на протест пред Владата, барајќи од март платите да се зголемат за 18 отсто, во спротивно рекоа дека ќе ги користат сите форми на изразување на незадоволство.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button