ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Утре во Вила Водно состанок на Советот за безбедност

Утре ќе се одржи седница на Советот за безбедност на која ќе разговара за најновата состојба со коронавирусот. Според информации од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, ќе се разговара за менаџирањето со зголемениот број случаи со ковид, мерките и активностите на надлежните институции. На оваа седница, покрај редовните членови на Советот за безбедност, се очекува да присуствува и министерот за здравство Венко Филипче, кој во минатото поднесуваше извештаи до Советот за состојбата. Советот за безбедност одржуваше вакви состаноци неколку пати од почетокот на пандемијата.