ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетовци се жалат за големата нечистотија во градот

„Чистотата во Тетово е слаба точка веќе повеќе од една деценија, додека само на денот на пролетта, се преземаат акции за чистење на градот. Жителите бараат акции за чистење на градот да има секој ден, а не само на Денот на пролетта. Особено се бара контејнерите што ги блокираат тротоарите и ги принудуваат луѓето да одат по улиците, да бидат дислоцирани на побезбедни места.

Advertisements

Граѓаните велат дека надлежните треба да се залагаат за одржување на градот секој ден, а не само еднаш годишно.

„Треба повеќе, чистотата секогаш треба да биде на ниво.

„Треба повеќе, големата нечистотија има, треба повеќе да се работи. Тоа треба да се прави секој ден, еден ден во годината е како ништо. Треба да се чисти секој ден“.

„Чистота треба да има не само еднаш годишно, туку секоја недела. Контејнерот не е доволен, не се доволни, треба да има уште“, реагираат жителите.

Градоначалникот на Тетово, Билаљ Касами вети зголемување на бројот на контејнери и кампања за да не се фрла отпад насекаде.

„Секако дека прво ќе одиме со фазата на едукација и освестување, а потоа ако има граѓани кои и после тоа нема да бидат подготвени да се грижат за животната средина, ќе дојде фазата на казнување“, рече Касами.

По повод Денот на планетата Земја, градоначалникот на Тетово заедно со управата и директорите на училиштата, симболично, спроведоа акција за чистење на Тетово од отпад, при посета на две диви депонии кои се на периферијата на градот.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button