“Тигар“, без албанци и без албански јазик

МВР го чува во тајност бројот на пријавени припадници на интерниот конкурс за обука во Специјалната антитерористичка единица „Тигри“. Иако министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пред неколку дена изјави дека на конкурсот има полицајци од сите етнички заедници, од таму денеска велат дека бројот на пријавени е доверлив.
Алсат неофицијално дознава дека се пријавиле најмалку 5 Албанци, кои моментално се во други единици на МВР, меѓу кои и во елитната за брза интервенција или инаку позната како „ЕБР“.
Покрај не застапеноста на Албанците, за единицата „Тигри“неприменлив е Законот за употреба на јазиците. Униформите на оваа единица нема да бидат преведени поради нивните државни овластувања кои не се опфатени со одредбите од Законот за употреба на јазиците.
Единицата „Тигри“ на 13 март прослави 41 годишнина, како тело формирано од Републичкиот секретар за внатрешни работи во Социјалистичка Република Македонија. Од 1981 година до денес преку оваа специјална единица поминале над 700 припадници, додека до денес ниту еден од нив не е Албанец.
На 41-годишнината од нејзиното основање, албанските членови на владиниот кабинет го бојкотираа настанот. Неофицијално, причина за бојкотот бил прекршениот принципиелен договор минатата година да има Албанци во оваа единица. /Алсат.мк
Адриан Керими