МАКЕДОНИЈА
Џугуманова: Не сум оптимист за брз напредок во правосудните реформи

Ина Џугуманова, од Хелсиншкиот комитет за човекови права не е оптимист дека проблемите во правосудството би можело за кратко време да бидат решени. Во нејзиното вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, говорејќи дали притисокот од страна на јавноста и на невладиниот сектор би можело да ги забрза реформите во правосудството, Џугуманова меѓу другото вели:
„Сведоци сме колку работи изминативе години се донесоа со притисок. Се изменија многу законски решенија. Некои луѓе се разрешија, некои дојдоа на позиција, некои предмети се решија. По малку се придвижуваме, но колку системски ќе ги решиме проблемите за кратко време, не сум оптимист. Колку и да има притисок од јавноста“, вели Џугуманова.