ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предлогот за една изборна единица помина во комисија

Предлогот за воведување на една изборна единица на цела територија на земјава го помина првиот филтер во Собранието. Предлогот на помалите партии влезе во процедура пред речиси една година. Со него се предвидува во земјава да се спроведува пропорционален модел со една изборна единица и без излезен праг. Политичките спорови го одложија разгледувањето. Консензус сè уште не е постигнат, но пратениците од сите партии изразија подготвеност да разговараат за овој модел. Предлагачите покажаа подготвеност да прифатат амандмани за поставување на изборен праг и бараат јавна дискусија.

Advertisements

Само ВМРО-ДПМНЕ засега дава целосна поддршка за изборен модел со една единица.

Пратениците од мнозинството оценуваат дека ваквите систематски промени бараат повеќе време и анализи.

„Мислам дека изборниот модел со шест изборни изборници најдобро ја отсликува хетерогената структура на нашето општество. Ќе ги продолжиме разговорите како ДУИ, но нема да дозволиме да се врши мајоризација или надгласување на една партија од друга“, рече Вјолца Адеми, ДУИ.

За разлика од другите, Алијанса за Албанците бара осум единици, врз основа на регионалната поделба.

„Оваа постапка не се регулира само со формирање на една изборна единица низ државата, туку може да се регулира и на различни други начини. Зошто кога барате промена на законот не се повикувате и не барате промена на изборниот систем? Наместо Донт, да најдеме друг изборен систем кој би ги привилегирал и малите партии?“, рече Халил Снопче, Алијанса за Албанците.

Предлогот сега ќе оди на посебна седница за јавна дискусија, со политички претставници, невладини организации и експерти.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button