ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опериран осуденик од „Дива населба“, му извадиле стакло од лицето

По две години чекање, осудениот во случајот „Дива населба“ Фатмир Речица е опериран за отстранување на парчиња стакло од лицето. Извори на Алсат велат дека Речица неколку пати ја барал оваа интервенција, но го одбивале поради безбедносни причини. Според адвокатот, тоа му ја влошило здравствената состојба.

Advertisements

„Имам информации дека операцијата е извршена вчера и неговата здравствена состојба е добра. Жално е што долго време се бараше да се изврши оваа интервенција која е поврзана со неговото здравје. Поради високата безбедност за неговиот транспорт до болница, тоа не се случуваше, па доведе до влошување на здравјето на Фатмир Речица и други“, рече Ибраим Бајрами, адвокат.

Бајрами додава дека условите во кои се држат затворениците не само за овој случај, туку воопшто во затворите во земјава, се надвор од секој стандард.

„Условите во кои осудените во случајот „Дива населба“ издржуваат затворски казни, вклучително и други во затворот Идризово, се мизерни, надвор од секој предвиден стандард“, додава Бајрами.

На официјалната веб-страница на Народниот правобранител, во делот за годишните извештаи не може да се најдат податоци за 2021 година. Во прелиминарните извештаи се констатирани повреди на слободите и човековите права и третман на затворениците во сурови услови, недостиг на хигиена и квалитетна храна, немање програма за ресоцијализација итн. Покрај условите и медицинскиот третман, затвореници се жалат и на непочитување на правото на слободен викенд, што им припаѓа и на дел од затворениците во случајот „Дива населба“.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button