Вакцини против КОВИД колку сакаш, ама никој не се вакцинира

Интересот за вакцинација падна на најниско ниво од почетокот на имунизацијата. Пунктовите за вакцинација низ Скопје се речиси празни и не се ставата ниту 100 вакцини дневно.
“Ако бевте навикнати да гледате долги редици кои чекаат за вакцинација, сега како што можете да видите во поликлиниката Букурешт нема човек кој би примил бустер вакцина или прва доза. Според надлежните, пунктот за вакцинација работи само со 5% од капацитетот за разлика од времето кога беше екот на пандемијата кога се даваа по околу 1.500 дози дневно”.
Лекарскиот персонал велат дека вакцини има доволно, но нема кој да ги прими.
Здравствените власти започнаа акција за вакцинација низ мобилните пунктови, каде во текот на денов шатори беа поставени на плоштадот во Кратово. На 14-те избрани локации во текот на овие две недели медицински екипи ќе ги посетуваат подрачјата каде што има најмалку вакцинирани граѓани. Во моментов, околу 40% од населението е вакцинирано со две дози. Во меѓувреме, смртноста од Ковид 19 во последнава недела е намалена за 56 отсто. /Алсат.мк
Аднан Ќаили