ВЕСТИСВЕТ

Шолц: Германија нема да ги бојкотира руските енергенси

ерманскиот канцелар, Олаф Шолц, уште еднаш ги отфрли повиците Германија да ги бојкотира руските енергенси поради рускиот напад на Украина.

Advertisements

Тој истакнал дека веќе се воведени санкции кон Русија и дека тие ја погодуваат економијата на оваа земја, а дека тоа ќе биде „уште подраматично во иднина“, пренесува АП.

„Поради своите позиции Германија и натаму има непроменет став по однос на енергетските прашања“, рекол Шолц.

Германскиот канцелар изјавил и дека другите земји во Европа се уште позависни од нафта, јаглен и плин од Русија отколку Германија, како и дека „никој не треба да биде оставен по страна кога станува збор за ова прашање“.

Шолц повтори дека Германија работи на тоа да ги промени снабдувачите со енергенти и дека за тоа ќе биде потребно време.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button