ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Мизо: Автомобилската индустрија погодена од војната во Украина

Претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо, во своето вечерашно гостување во „Економски Магазин“ на Алсат рече дека војната во Украина предизвикала затворање на голем број компании од автомобилската индустрија и оти експертските анализи веќе предвидуваат пад во работата на овој сектор во цела Европа.

Advertisements

„Со почнување на украинската криза голем број компании, околу 75.000 луѓе работат во автомобилскиот сектор во Украина и голем дел од нив се во западна Украина. Најголем број од нив целосно го запреа производството. Заради тоа имаше откажување на смени, намалување на обем на работа, дури и целосно затворање на некои капацитети. Веќе гледаме, во разговор со компаниите дека има намален обем на нарачки и она што е веќе, од аналитичарите за Европа потврдено, е дека падот во автомобилската индустрија за оваа година во Европа ќе биде минимум 15% помалку од планираното“, вели Мизо.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button