ЕКОНОМИЈА

Мизо очекува глобално зголемување на цената на автомобилите

Претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо, во своето вечерашно гостување во „Економски Магазин“ на Алсат изрази очекување дека војната во Украина ќе доведе до зголемување на цената на автомобилите бидејќи, како што вели, набавката на материјали за оваа индустриска гранка се соочува со проблеми.

Advertisements

„Сметам дека такво зголемување треба да се очекува. Не само кај нас, тоа е на глобално ниво, бидејќи цената на репро материјалите и достапноста на голем број репро материјали се ризични. Во моментот репро-материјалите доаѓаат најчесто од Украина и од Русија. Над 55% од неонот, тоа е специјален гас што се користи за чипови доаѓа од две фабрики во Мариупол и во Одеса. Тоа производство о 24 февруари е целосно престанато“, вели Мизо.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button