Уставниот суд ја одби претставката од Панчевски

Уставниот суд го одби екс – судијата Владимир Панчевски. Тој од Уставен бараше заштита на слободите и правата, зашто бил дискриминиран, во споредба со останатите судии и претседатели на судии зашто не ги уживал правата кои ги имале тие но и поради политичката припадност.Уставните судии го отфрлија неговото барање бидјеќи предметот против него не е завршен и Апеалција повторно треба да одлучува.
„…пресудата на Апелациониот суд од 14.07.2021 година е укината со пресуда на Врховен суд од 09.02.2022 година поради што постапката пред редовните судови сè уште не е завршена и недостасува еден од основните елементи предвидени во членот 51 од Деловникот на судот, односно постоење на правосилен акт, за да може Судот да ја цени основаноста на поднесеното барање“, наведоа од Уставен.
Барањето на Пачевски за заштита на слободи и права беше на дневен ред пред Уставен, откако Врховниот суд му ја укина затворската казна. Панчевски излезе од затворот во Шутка, само две недели откако сам се пријави. Сега на потег е Апелациониот суд повторно да заседава за казната од три и пол години затвор што му ја пресуди велешкиот суд на Панчевски. Апелација овој пат има обрска да го повика Панчевски на јавна седница, бидејќи претходно тоа не го сторил што беше причина Врховен да го врати предметот пред Апелација. Според обвинението, Панчевски како претседател на крвичниот суд ја злоупотребил функцијата и делел предмети на одбрани судии преку АКМИС Системот, наместо тоа да се прави автоматски.
Игор Стефановски