СВЕТ

Москва: Украинскиот град Изјум е под целосна контрола на руските сили

Руските трупи претпладнево презедоа целосна контрола врз украинскиот град Изјум, изјави во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесе ДПА.

Advertisements

Сè уште нема потврда од украинската страна.

Градот во источна Украина беше под опсада со денови. Пред војната имал околу 48 000 жители.

Според руското Министерство за одбрана, во текот на изминатата ноќ се погодени повеќе од 60 украински воени објекти.

Вкупно, 202 украински системи за противракетна одбрана, 257 беспилотни летала и повеќе од 1 500 тенка и други оклопни борбени возила се уништени од почетокот на војната пред еден месец, соопшти Министерството.

Информацијата не може да се потврди од независни извори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button