ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: „Руската агресија врз Украина, кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет“

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на вонредниот самит на НАТО изјави дека Македонија веќе му понудила помош на украинскиот народ. Тој кажа дека Европа и целиот свет се исправени пред голем предизвик и руската агресија врз Украина претставува невидено кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на една независна држава. Ковачевски на самитот е придружуван од министрите за одбрана, Славјанка Петровска и за надворешни работи, Бујар Османи.

Advertisements

„Денес сите сојузници на НАТО се обединети и ќе ја дадеме нашата поддршка за народот на Украина. Ќе останеме обединети и Северна Македонија како земја-членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ и ги донесовме сите одлуки со земјите членки на НАТО и на ЕУ. Самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа што Русија го прави во Украина. Сметаме дека мирното решение е единствениот начин за решавање на ова прашање. Во насока да им помогнеме на Украинците ги донесовме сите потребни одлуки во земјата за да ги прифатиме сите бегалци кои би побарале засолниште во нашата држава“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button