МАКЕДОНИЈА
Морачанин: Прашањето на транс-родовите лица мора да се реши

Лидерката на партијата ДОМ, Маја Морачанин, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат изрази увереност дека предлог законот за правно признавање на идентитетот кај транс родовите лица повторно ќе се врати во Собранието и прашањето ќе биде решено.
„Ние мора да го решиме ова прашање на транс родовите луѓе. Не само заради тоа што е барање по пресудата од Европскиот суд за човекови права туку затоа што е тоа потреба на транс родовите луѓе во Македонија. Ние тука зборуваме за остварување на човекови права“, вели Морачанин.