Селими: Лажни вести доминираат на социјалните мрежи

Аналитичарот Сефер Селими, поканет во емисијата „360 Степени“ на Алсат, изјави дека лажните вести, меѓу кои и оние за војната во Украина, доминираат на социјалните мрежи и медиумите кои главно се базираат на Интернет. Според него, анонимноста е главниот предуслов да се пласира во информативниот процес лажна вест која потоа засилена од други луѓе на социјалните мрежи успева да стане прифатлива вест за јавните медиуми.
„Војната или битката со информации создава коалиции кои не се типични. „Непријателот на мојот непријател е мој пријател“. А, антизападното расположение постои кај радикалните групи главно кои својот радикализам го градат на религиозни толкувања, а се оние групи каде што се тврди дека западот или ЕУ или овие вредности кои ние тврдиме дека ги прифаќаме кај нас, се во спротивност со проповедите и светогледите што ги имаат овие радикални групи… И не смееме да заборавиме дека лажните вести имаа несекојдневна експлозија дури и за време на пандемијата“, рече Селими.