ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Разговорите меѓу Скопје и Софија се на добар пат, но далеку од договор

Разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија се на добар пат, но не се дојдени до точка каде што може да се каже дека има договор, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Последната политичка средба беше во Брисел, во рамките на самитот на НАТО, меѓу делегациите предводени од двајцата премиери Ковачевски и Петков, за кој Османи рече дека е позитивен и конструктивен. Во истиот дух, вели тој, бил и последниот состанок на мешовитата историска комисија, кој го оцени како еден од најдобрите досега. Османи вели дека меѓу страните не се дискутира надвор од рамката дефинирана со Резолуцијата усвоена во Собранието.

Advertisements

„Нема точка што се разликува од оние што досега ви ги презентиравме пред вас во рамките на тогашниот пакет 5 + 1, или како што го нарекуваме сега политички пакет. Но сепак не можам да кажам дека ви ветив вам и на пратениците, дека кога ќе дојде време да се ракуваме, тоа е решението, пред да се официјализираат тие одлуки, ќе дојдеме да ја информираме јавноста“, изјави БУЈАР ОСМАНИ, министер за надворешни работи.
Петте работни групи меѓу Скопје и Софија одржуваат состаноци во зависност од нивните агенди.

Сега кога останува малку време, ниту јуни не е сигурен за добивање датум за почеток на преговорите. Ако тоа не се случи, легитимно право на Албанија е да бара делење од Северна Македонија во процесот. Сепак, Османи вели дека ова би било разочарувачки.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button