ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нови 232 случаја на КОВИД-19, починале тројца, оздравен 221 пациент

Во последните 24 часа се регистрирани нови 232 случаја на КОВИД-19, од направени 2.787 тестови. Починале тројца, а оздравен е 221 пациент, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Досега во земјата се направени вкупно 1.951.621 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.878, бројот на оздравени пациенти е 293.700, на починати е 9.203, а бројот на активни случаи изнесува 1.975.