ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од почетокот на годинава пожари кај нас изгореа 60 хектари шума

Од почетокот на годинава во земјава биле предизвикани стотици пожари во кои изгореле над 60 хектари шуми. Директорот на Центарот за управување со кризи Ангелов вели дека три региони се најзагрозени.

Advertisements

„Во текот на март се регистрирани околу 140 пожари, од кои некои се многу сериозни. Во Кратовско имавме пожар кој зафати површина од околу 20 хектари дабова листопадна шума и 30 хектари борова шума. И во Преспа имавме пожар кој направи голема штета на овошките. Годинава штетите се проценуваат на околу 38,5 милиони евра“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

Ангелов рече дека за разлика од лани, годинава институциите повеќе се подготвуваат, додавајќи дека на располагање имаат два армиски хеликоптера и еден полициски кои се подготвени за гаснење пожари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути најави дека за два месеца ќе бидат спремни 3 противпожарни авиони кои се сега на сервисирање.

„Првиот авион се очекува следната недела да биде контролиран од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Заедно инспектори на оваа агенција со наши вработени да направиме увид, бидејќи работите на тој авион се завршени и ќе треба да се врати во земјава“, izjavi Беким Максути, директор на ДЗС

Максути додаде дека до 10 април ќе бидат испратени на редовен сервис другите два канадера, а нивното враќање се очекува до 15 јуни. Во меѓувреме, противпожарните единици во земјава продолжуваат да работат со возила стари повеќе од 30 години. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button