Ректорот Зеќири очекува: „Универзитетот Мајка Тереза, меѓу петте најдобри во Македонија“

Изет Зеќири од ректорската функција ќе го преземе раководството на универзитет „Мајка Тереза“, веднаш штом завршат внатрешните институционални процедури по неговиот избор. Тој вели дека неговиот мандат ќе се фокусира на квалитетот, соработката меѓу универзитетите, соработка со бизнис-секторот и подобрување на инфраструктурните услови за работа на студентите и академскиот кадар.
„Ќе работиме напорно на менаџирање со квалитет, универзитетот „Мајка Тереза“ да биде рангиран барем во првите пет универзитети во Македонија. Имам посебни цели во обуката, развојот на персоналот, во областа на комуникацијата и соработката, како и соработката меѓу универзитетите. Како приоритет ми е соработката меѓу албанските универзитети, особено со Универзитетот во Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа, во функција на позицијата на високото образование во Македонија“, изјави Изет Зеќири, новоизбран ректор на УМТ
На почеток, универзитетот се соочи со недостиг на кадар. Зеќири вели дека оваа институција е формирана со редовен и хонорарен персонал и нема проблеми во исполнувањето на законските услови за продолжување на работата, но неопходно е проширување на соработката.
„Голем предизвик е да се зголеми бројот на професори, особено напредувањето на вонредни и редовни професори и во таа насока треба да работиме на реинтеграција на сите научници, истражувачи, професори Албанци ширум светот“, изјави Изет Зеќири, новоизбран ректор на УМТ
Универзитетот „Мајка Тереза“ почна со работа на крајот на 2016 година, но сè уште не го реши проблемот со просторот. Оваа институција функционира во два објекта, дел во зградата на Сојузот на синдикати, а дел во просториите на основното училиште „Конгреси и Манастирит“. Планот за изградба на универзитетскиот камп постои, неколкупати е дополнет и менуван, но не е реализиран. Во касарната Илинден, универзитетот веќе поседува еден од постоечките капацитети кој е во процес на адаптација за лаборатории. Планот, вели Зеќири е овие лаборатории да бидат во услуга на студентите на почетокот на следната академска година. Но, до нив, изградбата на новата универзитетска зграда по моделот на универзитетски кампус, изгледа ќе одземе уште повеќе време.
„Се надеваме ќе имаме почетокот на академската година во реновираната зграда на следниот камп на УМТ и за други прашања од проектот, има позитивни движења, но потребни се прелиминарни решенија, одлука на Владата и другите органи“, изјави Изет Зеќири, новоизбран ректор на УМТ
При презентирањето на целосниот проект, Универзитетот планираше да ја затвори административната постапка во пролетта 2018 година и да го заврши проектот во рок од три години. Но, градежната дозвола од општина Чаир ја доби три години подоцна во септември 2021 година. Постапката долго време беше заглавена во Министерството за одбрана и Министерството за транспорт и врски. Комплетен, универзитетскиот комплекс „Мајка Тереза“ е дизајниран да чини над 38 милијарди денари. /Алсат.мк
Фатлуме Дервиши