Шајноски: Недисциплираните возачи ќе плаќаат повисока авто-одговорност

Претседателот на Агенција за супервизија на осигурувањето, Крсте Шајноски во емисијата „Економски магазин“ на Алсат рече дека во моментот кога ќе влеземе во процес на либерализација на полиси за авто-одговорност добиваме можност компаниите да отворат лепеза на разни осигурувања. Според него, недисциплираните возачи ќе плаќаат повисока авто-одговорност.
„Кога ќе влеземе во процесот на либерализација добиваме можност компаниите да отворат лепеза на разни осигурувања од авто-одговорност. Како на пример некој сака колата да ја вози само за викенд, некој сака да ја вози за една сезона, да речеме лето сака да вози, ме разбирате. Некој е поризичен шофер, значи цената ќе се утврдува според лицето кое го управува автомобилот. Имате дисциплинарни возачи на автомобили, имате недисциплинарни.
Недисциплинираните ќе ги знаат осигурителните компании и ќе плаќаат повисока авто-одговорност“, нагласи Шајноски.
Како тоа недисциплинираните ќе ги знаат осигурителните компании, како би дошло до тоа?
„Ќе имаме база на податоци за секој клиент во авто-осигурувањата односно авто-одговорноста. Секоја компанија ќе знае точно за каков клиент се работи, дали вози внимателно, дали не вози внимателно, колку сообраќајки направил и така натаму“, рече Шајноски. /Алсат.мк