МАКЕДОНИЈА

Партијата за движење на Турците бара Законот за употреба на јазиците да се имплементира соодветно според резултатите од пописот

Партијата за движење на Турците бара Законот за употреба на јазиците да се имплементира соодветно според резултатите од пописот.

Advertisements

Партијата за движење на Турците (ТХП), врз основа на објавените податоци од пописот, смета дека во општините Карбинци, Конче и Василево бројот на граѓаните од турската заедница е над 20 отсто, со што се овозможува службена употреба на турскиот јазик и писмо во рамките на локалната власт, регулирано според Законот за употреба на јазиците.

Партијата апелира до овие општини без никакви одлагања да ги почитуваат законските обврски, и велат дека во духот на едно општество, по примерот на општините Кичево, Чаир, Гостивар, очекуваат добра волја за службена примена на турскиот јазик и од локалните власти на општините Долнени, Дебар, Радовиш и Валандово во кои процентот на граѓаните од турската заедница прилично се зголемува.

„ТХП според добиените податоци од пописот очекува подобрување на правичната и соодветната застапеност на турската заедница, отворање паралелки на турски мајчин јазик во повеќе број средини. Исто така, очекуваме пописот да придонесе за зголемување на демократскиот капацитет и вредности на целокупното општество, за во иднина да се елиминираат актуелните недостатоци и слабости на попишувачкиот процес“, се вели во соопштението.

Во однос на етничката припадност, резултатите од пописот покажуваат дека од вкупно попишаното население (резиденти и нерезиденти) 3,98 отсто се изјасниле како Турци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button