МАКЕДОНИЈА

Селами: Немавме илузии дека сто проценти ќе ја вклучиме дијаспората

Пописот во дијаспората беше на доброволна основа не беше законска обврска, рече заменик директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами, коментирајќи го големиот број на наши иселеници кои не се вклучени во процесот на попис.

Advertisements

„Пописот на дијаспората е на доброволна основа, значи оние кои сакаат да се пријават се повикуваат на нивната свест, на нивната чувствителност кон татковината, кон нацијата и сл. Благодарение на работата на многуте волонтери активисти кои дојдоа да помогнат во процесот, успеавме да имаме преку 204 илјади регистрации во дијаспората, преку самата апликација и околу 56 илјади регистрации во земјава. Доволна ли е оваа бројка, секако не толку, кога се знае дека има над 300 илјади други непријавени лица. Не мавме  илузии дека стопроцентно може да ја опфатиме дијаспората. Но, барем очекувавме да направиме добро вклучување, убав добар процент од нив“, рече Селами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button