ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Снабдувањето со течен гас нема финансиски да ги оптовари компаниите

Доколку земјава го замени рускиот природен гас, со американскиот течен гас, тоа нема финансиски да влијае врз компаниите или домаќинствата. Директорот на Македонски енергетски ресурси Бајрам Реџепи контра изјавата на претседателот на Стопанската комора за енергетика Ѓорѓи Манасков кој тврдеше дека промената на ресурсите ќе биде долг и скап процес. Процесот на трансформација ќе биде едноставен а корисниците може да бидат мирни, вели Реџепи.

Advertisements

„Тоа е една брутална дезинформација и манипулација со јавноста, и тоа не е апсолутно точно. Основната функција на терминалот што ќе се изгради во Александропулис ќе овозможи, природниот гас да го претвори од течна состојба во гасна состојба. Тој терминал ќе се поврзе со мрежата на грчкиот оператор за пренос, ќе дојде до наша граница во гасна состојба и до сите корисници ќе стигне во гасна состојба“, рече Реџепи.

Руската инвазија во Украина го принуди западот да бара алтернативи за рускиот гас. Македонија е зависна од овој енергенс, бидејќи од Бугарија во земјава стасува само руски гас. Него го користат над 50 компании, претежно сместени во индустриските зони. Земјава е веќе дел од проектот за изработка на терминал за течен гас Алесандропулис, кој има за цел да биде почеток на енергетска независност на Македонија. Изградбата на овој терминал се очекува да заврши за неполни две години. Проектот Александропулис тежи 370 милиони евра, а земјава учествува со 25 отсто, најголемиот дел од парите се обезбедени од меѓународни финансиски институции и средствата се неповратни.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button