ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Силен ветер открона покрив во Охрид

Силниот ветер кој попладнево дуваше во Охрид, откорна кров на станбена зграда во Охрид. Очевидци кажуваат дека од силината на ветерот кровот, удрил во соседната станбена зграда, оштетувајки три стана и потоа паднал на земја. За време на несреќата во становите имало луѓе, како и две малолетни деца, кои за среќа поминале без повреди. Оштетен е еден автомбил.

Advertisements

На местото на настанот беа полициски екипи и противпожарна служба, која им помагаше на станарите, да ги отстранат заглавените греди во нивните станови и да ги санираат штетите. Станарите раскажуваат дека најпрво се слушнало силно бучење, а потоа и силен удар.

„Катастрофа голема се случи. Силен ветар имаше.Од таа зграда кровот избега кон нас, кон нашата зграда и има штети направено кај нас. Во станот кај мене има само на пластиката на терасата. На четврти кат во кујната има искршени прозори и тоа сериозна штета.Гледам и на трети кат олуците се скршени. Како некој авион леташе. Силен тресок и звук од ветерот се слушаше. На четврти спрат имаше дечиња“, сведочи еден граѓанин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button