ЕКОНОМИЈА

Денарот останува стабилен, тврди вицегувернерката Нацевска

Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција – на високо ниво и постојано се во сигурната зона, вели вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервју за австралиското радио СБС, соопшти денеска Народната банка.

Advertisements

Таа посочува дека на крајот на септември тие изнесуваат 3 милијарди и 480 милиони евра, што е повеќе за близу 400 милиони евра во споредба со крајот на февруари, пред почетокот на ковид-кризата. Нацевска вели дека не само номиналниот износ, туку и релативните, меѓународно прифатени показатели за оцена на адекватноста водат кон констатацијата дека нивото на резервите е соодветно и обезбедува заштита на девизниот курс на денарот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button