ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонско-бугарската Историска комисија задоволна од средбата во Скопје, разговорите продолжуваат во Софија

Позитивна атмосфера, со отворен дијалог и размена на ставови по однос на позициите и интерпретациите на минатото за ХI и XII век, е заклучокот од 18-та средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, што се одржа вчера и завчера во Скопје.

Advertisements

Ова беше втора од предвидените пет средби на македонско-бугарската Заедничка комисија за историски и образовни прашања за годинава. На дневен ред беа забелешките дадени од бугарската страна за средновековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шесто одделение.

Претходно, бугарските членови на Комисијата изјавија дека темата за Цар Самоил е завршена работа и оти е договорено негово заедничко чествување, а за Гоце Делчев ќе се дискутира во друга прилика.

Од друга страна, членот на македонскиот дел на Комисијата, Петар Тодоров синоќа изјави дека Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави и одредени препораки, но не и да решава политички проблеми.

Тодоров нагласи дека последниот состанок што изминатите два дена се одржа во Скопје и претходниот во февруари во Софија, се одвивале во конструктивна атмосфера. Во однос на дискусијата за Цар Самоил, тој додаде дека таа дискусија е завршена во 2019 година, со договор за заедничко чествување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button