ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меѓународна балканска конференција за аутизам на УЈИЕ во Тетово

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска започна да се одржува дводневната четврта по ред Меѓународна балканска конференција за аутизам.

Advertisements

Конференцијата по повод 2 април – Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот е во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа и колеџот Хајмерер – терапевтски центар, поддржана од Светската организација за аутизам, Аутисмедија и Еспа истражување.

-Аутизмот е многу малку познат на Балканот и главната цел на Конференцијата е да помогне во подигањето на свеста во балканските земји, бидејќи имаме податоци дека во овие земји многу малку се знае за аутизмот. Конференцијата има за цел да обезбеди корисни информации за родителите, за студентите и за професионалците од областа, изјави претседателот на конференцијата, д-р Бојан Радиќ.

На присутните им се обрати и проректорот за академско планирање и дигитализација проф. д-р Адриан Бесими.

-Универзитетот има многу плодна соработка со колеџот Хајмерер и денешната конференција е доказ дека оваа соработка ќе се зголемува и проширува, особено со отворањето на новиот Факултет за здравствени науки“, рече во своето обраќање проректорот Бесими.

Во текот на двата дена, пред присутните ќе предаваат светски познати експерти во првиот ден е вклучен медицинскиот пристап, а во вториот ден едукативниот пристап за аутизмот. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button