ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Санкционирани 160 возачи за брзо возење во Скопје

Во акциска контрола на полицијата спроведена денеска на територија на СВР Скопје санкционирани се 160 возачи за брзо возење.
Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека шест возачи возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, 134 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 26 надвор од населено место.
На сите им се изготвени соодветни поднесоци.