ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Продолжуваме заедно да обезбедуваме пристојни услови за старите лица, домовите да бидат пријатно место за живеење

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со Здружението за социјална заштита на стари лица „Се Грижам“, на која е разговарано за измени и дополнување на Правилникот за нормативите и стандардите за простор, опрема, стручни кадри и средства потребни за основање и започнување со работа на установа за социјална заштита за стари лица.

Advertisements

Тренчевска посочила дека Министерството ќе работи на прифатливи решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат домовите кои имаат добиено дозвола за работа за да може да се одржи нивното функционирање.

“Во периодот што следи ќе го разгледаме Предлог правилникот на веќе постоечките установи за згрижување на стари лица и ќе обезбедиме временски период на усогласување на домовите со нормите на правилникот за да обезбедиме одржливост на установите”, рече Тренчевска.

Министерката, како што информираат од прес-службата на МТСП, истакнала дека општите стандарди на сите домови треба да бидат исполнети, со цел да се одржат домовите како пријатни установи кои добро ќе влијаат на психосоцијалниот живот на старите лица.

На крајот од средбата, како што се посочува во соопштението, Здружението се заблагодарила за можноста да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат приватните установи за стари лица во Република Северна Македонија

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button