Кичевчани, сомнежи за пописот

Големите доселувања на кичевските семејства предизвикаа намалување на населението. Но, и покрај ова, кичевчани многу малку веруваат во резултатите од пописот. Според некои жители ова е политички договор.
„Да, тие се луѓето, мигрирале, тие се. Не е нормално но не знам што е работата, нека се занимаваат со ова политичарите кои ги гласавме“, граѓанин.
“Младите заминуваат на печалба, старите како мене остануваат овде, никој не ги прима. Тие што можат бегаат, а ние постарите што останавме тука што да правиме”, граѓанин.
“Дали и вие би заминале? Ние би заминале, но никој не нѐ прима, не можеме да работиме“,граѓанин.
„Многу е едноставно затоа што од 2001 година работите требаше да се подобрат, да не се оди против, тоа беа идеалите, да се бориме да ги добиеме нашите права, да ги вратиме печалбарите како мене, да инвестираме, да отвориме фабрики, фабрики и фабрики. Треба да се напомене дека интелигенцијата на албанската младина замина, еве, останаа најголемите ајвани”, граѓанин.
Колку им верувате на резултатите? 100 проценти е договор, помеѓу тој и оној, да не му го спомнам името, но кој е од Зајаз. /Алсат.мк