ВЕСТИСВЕТ

Зеленски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН во врска со наводите за масовни убиства во Буча

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави оти денеска ќе има обраќање на итниот состанок пред Советот на безбедност на Обединетите нации.

Advertisements

Тој во своето вечерно обраќање до украинскиот народ истакна дека во интерес на Киев е да има отворена и транспарентна истрага за наводното масовно убиство на цивили во Буча и изрази уверување оти ќе се откријат уште полоши случаи на масовни убиства на цивили извршени од руските воени сили.

„Би сакал да нагласам дека сме заинтересирани за најкомплетна, најтранспарентна истрага, чии резултати ќе бидат познати и објаснети на целата меѓународна заедница“, рече Зеленски, а пренесува Би-би-си.

На денешната седница на Советот за безбедност ќе се разговара за украинските наводи за убиства на цивили извршени од руски војници во Буча, северозападно од Киев.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button