ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јанакиески досега осуден во пет предмети со вкупно 14 години затвор

Пет пресуди брои судското досие за Миле Јанакиески. Против него се водат уште четири кривични судски постапки. И покрај петте пресуди против него Јанакиески не е во затвор. Тој е условно осуден за два предмета – „Шамарите Центар“ предмет кој е правосилен, како и случајот „Дизајн“ за набавката на кинеските автобуси, за што Јанакиески призна вина. Затворски казни пак Јанакиески доби во три предмети. Нему досега му се бројат 14 години затвор. Најголема затворска казна досега му беше пресудена за случајот „Организатори на 27 април“, односно 6 години.

Advertisements

Само овој предмети е пред Апелациониот суд. Јанакиески има и казна од четири и пол години затвор откако призна вина во случајот со изборните нерегуларности „Титаник“, каде сè уште му се суди за кривично дело поврзано со финансирањето за кое не призна вина. Денешната пресуда за Сончев град му донесе уште три и пол години. Но, овие пресуди можат да бидат променети со одлука на повисок суд.

На Јанакиески актуелно му се суди во случаите „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“, „Талир“ за незаконко финансирање на ВМРО – ДПМНЕ, „Траекторија“ за изградба на кинеските автопати, како и за „Шпански скали“ каде е обвинет за незаконска продажба на парцели на плоштадот во Скопје.

Во голем дел од предметите каде што е обвинет Јанакиески е и поранешното високо раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Во голем дел од случаите на згаснатото СЈО е обвинет и екс – премиерот Груевски. Но, иако СДСМ ја доби власта по објавените „бомби“, а беше формирано и Специјалното обвинителство, сепак ништо од тоа не ја донесе правдата, па дури и шефицата на СЈО, Катица Јанева заврши во затвор поради аферата „Рекет“. /Алсат.мк

Игор Стефановски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button