ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„И при штрајк, децата во градинка мора да бидат згрижени, ако не – казна“

Синдикатот за образование и наука и понатаму чека Владата да се премисли за зголемување на платите во образованието и градинките, првично за 18,4%. Од СОНК, како што рекоа за Алсат, не се откажуваат од веќе заземените позиции, зголемување на платите и спроведување на колективниот договор, ако не – на 11 април почнуваат со генерален штрајк. Последната средба во Министерството за финансии не донесе решение.

Advertisements

Од Унијата на средношколци не сакаат да го коментираат штрајкот, но велат дека мора да се најде начин да се обезбеди наставниот процес.

Во меѓувреме, министерката за труд и социјална политика рече дека штрајкот е легитимно право на секого, но процесот на згрижување на децата не смее да се прекинува. Таа дури додаде дека доколку воспитувачките одбијат да ги примат децата во градинка, Законот за заштита на децата предвидува казни. Во овој случај министерката побара да има замена за вработените кои ќе штрајкуваат. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button