
Секој од нас понекогаш е депресивен или се чувствува осамено и едноставно мрази се без некоја посебна причина.
Тоа е неизбежен дел од животот. Начинот на кој се справуваме со нештата го открива нашиот каракатер и ги гради нашите внатрешни ресурси за справување со секаква ситуација.
Ви пренесуваме неколку мисли кои зборуваат за тоа колку е животот убав и во страшно невреме. Запомнете, дождот само ги зајакнува цвеќињата.
“Со позитивен став вие ќе владеете со околностите, наместо околностите да владеат со вас.” – Џојс Мејер
“Човекот е склон да ги брои само своите проблеми, тој никогаш не ги брои своите радости. Кога би ги избројал како што треба, ќе види дека секој има доволно среќа во животот” – Фјодор Достоевски
“Највисокиот степен на внатрешен мир доаѓа од развојот на љубовта и сочувството. Колку повеќе се грижиме за другите, се зголемува и нашето чувтсво за благосостојба ” – Тензин Гиатсо
“Карактерот не може да се развие во сопствената тишина. Само преку искуството од страдање може да зајакне душата, да станеме амбициозни и да постигнеме успех ” – Хелен Келер
“Бисерот е убава работа што произлегла од повреден живот. Тоа е солза на школката заради нејзините повреди. Богатството на нашето битие исто така произлегува од повреден живот. Да не бевме ранети, да не бевме повредени, немаше да произлезе бисерот.” – Стеафн Холер
“Понекогаш радоста е извор на вашата насмевка, но понекогаш насмевката е извор на вашата радост.” – Калил Џибран
“Добриот хумор е лек за разумот и телото.Тој е најдобриот лек за анксиозност и депресија. Тој ги привлекува и задржува пријателите. Ја олеснува тежината. Рамен пат до спокојот и задоволството ” – Гринвил Клејсер
“И дојде денот кога ризикот да останеш во пупката е потежок од ризикот да расцветаш.” – Анаис Нин
“Најубавите луѓе кои ги познаваме се оние луѓе кои почувствувале пораз, страдање, борба и губење и сепак си го пронашле својот пат. Тие имаат благодарност и разбирање за животот кое ги исполнува со сочувство, нежност и длабока грижлива љубов. Најубавите луѓе не станале туку така најубави. ” – Елизабет Рос.