ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Возачот кој ја предизвика несреќата кај Сити мол, призна вина

Јордан Ѓорѓиев призна вина за несреќата кај „Сити Мол“ каде на 20 јануари ја прегази 24-годшната Викторија Николова од Радовиш. Ѓорѓиев изрази каење за стореното кривично дело. Обвинителството презентираше дека Ѓорѓиев возел со брзина од 67 километри на час, што е за 17 км повеќе од пропишаната брзина. Според обвинителството, делото е сторено со умисла.

Advertisements

Семејството на Викторија Николова се сомнева дека Ѓорѓиев искрено се каел.

„Каењето за жал во оваа држава е проформа и е кажано паушално а без претходно како што наведов во судот 76 дена се поминати од смртта од Викторија, во тие 76 дена, ниту телеграма, ниту повик, ниту јавно извинување. Во ниту една форма обвинетиот се нема извинето и покаено према оние кои ја трпат таа штета“, рече Владимир Михајловиќ, адвокат на семејството Николови.

Адвокатите очекуваат затворска казна.

„Апсолутно, сметаме дека делото е сторено со умисла, затоа што во услови кога несреќата е случена на пешачки премин на најфреквентното место во Скопје со управување со недозволена брзина и те како сметаме дека обвинението е правилно квалификувано“, рече Билјана Андонова, адвокатка на оштетениот Леонид Давов.

Адвокатот на Ѓорѓиев, Душко Јанковиќ вели дека момчето навистина се кае за несреќата. Според него, нема умисла во случајот.

„Умисла е да се сложиш со нешто намерно да направиш штета или како и да е несакана последица, во случајот смртна последица. Тоа што он возел со 17 километри повеќе на час од дозволеното, иако до пред една година тоа беше регуларна брзина на булеварот, не е умисла. Тоа е небрежност“, рече адвокатот Јанковиќ.

На Ѓорѓиев му се суди за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Пресудата ќе биде објавена в понеделник.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button