Роднините на загинатите разочарани од одлуката на претседателот на Собранието
Роднините на загинатите разочарани од одлуката на претседателот на Собранието

Роднините на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија на 23 ноември минатата година се разочарани од одлуката на претседателот на Собранието, Талат Џафери да не дозволи истражната постапка да ја разгледува Постојаната анкетна комисија. Тие велат дека не се информирани за овинувањата и процедурите, па затоа бараат Собранието да даде повеќе информации.
“Затоа сите членови на семејствата реагираа затоа што навистина имаме проблем и не очекувавме пратениците да реагираат на таков начин. Имаме конкретни потешкотии, не можеме да добиеме информации. Знаете дека Обвинителството во Бугарија од 19 јануари го затвори случајот за трагедијата обвинувајќи го возачот. Оттогаш документацијата е во нашето обвинителство, но ние ниту сме ги виделе ниту прочитале“, нагласи Мухедин Брава, близок роднина на починато лице.
Од Парламентот ја обвинија Алијанса за Албанците, дека трагедиите во Тетово и во Бугарија ги злоупотребува за политички цели.
“Мислам дека ова е злоупотреба на несреќата на нашите граѓани за дневно-политички цели. Од денес и понатаму нема да се занимавам со овие прашања. Не можам да дозволам Парламентот да се претвори во политички пазар. Ако одиме со логиката со која размислува Халил Снопче, тогаш во што ќе се претвори Собранието, 120 пратеници, 21 работни тела, секој од нив да испраќа материјали во оваа форма, зошто тогаш треба да има деловник“, велат од Собранието.
Седницата на Постојаната анкетна комисија беше свикана за 25 март, а по барање на претседателот Халил Снопче седницата е одложена за 5 април. На дневен ред беа три точки: барањето на граѓанинот Мухаедин Бела за дискриминација на работното место, втората точка за истрагата во Модуларната болница во Тетово и третата точка за истрагата за несреќата во Бугарија.
Адријан Керими