
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја е подготвена да работи со секој претседател на САД, без оглед кој ќе победи на изборите следната недела.
„Ги анализираме сите случувања околу претстојните избори за претседател на САД на 3 ноември. Ние ќе прифатиме каква било одлука донесена од американскиот народ и ќе соработуваме со која било администрација“, рече Путин кој одби да зборува подробно за изборите.