МАКЕДОНИЈА

Попладне пороен дожд и грмежи, значително потопло утре и задутре, в недела повторно врнежливо

На повеќе места од пладне денеска ќе има пороен дожд, грмежи кои локално ќе бидат и во форма на невреме. Во Скопје исто така облачно и со повремен дожд, од пладне со услови за нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Advertisements

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло, а под влијание на постудена воздушна маса, од ноќта кон недела ќе се зголеми облачноста.

В недела преку денот ќе почнат врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со засилен северен ветер и со појава на грмежи. Температурите ќе бидат пониски за шест до девет степени во однос на претходниот ден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button