
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан испрати „порака за мир до муслиманскиот свет“, нагласувајќи дека Франција е „земја на толеранција“.
„Не слушајте гласови што сакаат да предизвикаат недоверба. Да не бидеме заробени во претерувањето на малцинството манипулатори”, изјави Ле Дриан во обраќањето пред парламентот.
Две недели по смртта на наставникот по историја Самуел Пети, кој беше убиен од еден млад исламист затоа што им покажа карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед на неговите ученици на час за слобода на изразување, вчера беа убиени три лица ес во црквата Нотр Дам во Ница.