МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пописот не е комплетен

Податоците од пописот не даваат вистински одговор на реалната состојба во државата бидејќи се некомплетни, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Advertisements

„Имаме 132 000 граѓани коишто се неизјаснети. Ако навистина постоеше волја, од страна на Државниот завод за статистика и сите коишто ја спроведуваа таа операција, за да ја комплетираат оваа статистичка операција, можеа многу лесно да ги попишат тие 132 000 граѓани. Тие веќе точно знаат, по име и преземе, кои се тие што не се изјасниле, а се дел од резидентното население. Можат за помалку од една недела, да појдат и да ги добијат оние три податока – нивната вероисповед, мајчиниот јазик и националната припадност. Тогаш, колку-толку, ќе имаме комплетен попис“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button