
Објаснувајќи што значат новите мерки, францускиот премиер Жан Кастекс рече дека граѓаните ќе можат да ги напуштат своите домови само за да купуваат храна, да одат на работа или од здравствени и итни семејни причини.
Кастекс на прес-конференцијата рече дека за време на траењето на новите мерки, кои ќе бидат во сила до 1 декември, ќе се дозволи вежба на отворено еден час на ден, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека дури и деца постари од шест години ќе мора да носат заштитни маски за време на мерките.
Ројтерс потсеќа дека досега мерката задолжително носење маска се однесуваше на деца постари од 11 години.
Француската министерка за труд Елизабет Борн додаде дека работата од дома ќе биде задолжителна цела недела, освен кога тоа е технички невозможно.