ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Заеднички протести со албанската опозиција, еве што вели Мицкоски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат рече дека би било добро неговата партија заедно со партиите од албанскиот опозициски блок да организираат заеднички активности. Запрашан за таквата можност тој вели:
„Тоа би било добра идеја, зошто да не. Ако делиме заедничка цел, а тоа е дека оваа влада е неуспешна, корумпирана, криминална и треба да замине, зошто да не. Да имаме и заеднички протести. Да имаме протести и во повеќе градови одеднаш. Тоа е легитимна одлука и зошто да не. Би било добро“, рече Мицкоски.