МАКЕДОНИЈА

Фереро доброволно повлекува одбрани серии на Киндер производи во Република Северна Македонија како мерка на претпазливост

Фереро соработува со локалните власти за храна за можна поврзаност со голем број пријавени случаи на салмонела во други земји надвор од Република Северна Македонија. И покрај тоа што ниту еден од нашите Kиндер производи пуштени во промет на пазарот не се позитивни на салмонела и досега не сме добиле поплаки од потрошувачите, ние го сфаќаме ова крајно сериозно, бидејќи грижата за потрошувачите е наш главен приоритет.
Како мерка на претпазливост, ја донесовме одлуката доброволно да ги повлечеме следните броеви на лотови од Kиндер шоко бонс и Киндер сорпреса макси во Република Северна Македонија, кои се произведени во Белгија.

Advertisements

Сите други производи на Фереро, вклучувајќи ги и другите производи на Kиндер, не се засегнати од ова доброволно повлекување.

Работиме со нашиот дистрибутер за да се осигураме дека овие производи повеќе не се достапни за купување. Доколку имате еден од овие производи, ве советуваме да не го консумирате. Ве молиме чувајте го производот и контактирајте го нашиот тим за грижа на потрошувачи на следниот меил: [email protected].

Безбедноста на храната ја сфаќаме исклучително сериозно и жалиме за оваа непријатност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button