ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Барокната фасада на Владата однесе во притвор две лица

Фасадата на Владата како дел од проектот „Скопје 2014“ затвори две лица. Управителот на фирмата Бауер-БГ преноќи во Шутка, додека екс-директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Донев во домашен притвор. Кривичниот суд, покрај ова, донесе и мерка за забрана за привремено замрзнување и отуѓување на недвижен имот. Во истрагата осомничени се и уште две лица, кои учествувале во проектот за нова владина фасада. Според Обвинителството, Бауер заработил околу 7 милиони евра, а тендерот го добил иако не прикажал соработка со други фирми, што му било обврска. Освен тоа, во фасадата бил вграден лесно запалив стиропор./Alsat.mk